Речиси 800 илјади потпишале петиција за нова верзија на GOT 8

Бројката на потписници на петицијата за снимање на нова променета 8 сезона на серијата Game of Thrones се приближува на 800 илјади луѓе.

Некои од фановите се изнервирани од начинот на кој сценаристите Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс
потретирале дел од ликовите во финалните епизоди на серијата.

Во осмата сезона на ГОТ сценаристите не се држат до адаптација на книгата Песна за мразот и огнот на Џорџ РР Мартин туку самостојно го пишуваат сценариото.

Петицијата која ја потпишуваат десетици луѓе секоја секунда до крајот на денот може да добие над милион потписи.

“Бениоф и Вајс докажаа дека се некомпетенти сценаристи кога немаа изворен материјал за да го следат” (при пишување на сценариото), пишува во петицијата која се потпишува од најразлични локации на земјината топка.

Петицијата може да се потпише овде

SHARE