Реџепи за Бузаку: „Ако е тој муслиман и ку*ињата се муслимани“

,,Бузаку е отпадник од ИВЗ , па дури и од Исламот , се колнам во Алах, ако е тој муслиман тогаш и кучињата се муслимани“ , рече синоќа во еден момент реисот Сулејман Реџепи околу барањето за негова смена од поглавар на ИВЗ по судската одлука според која на негово место треба да дојде Скендер Бузаку

Тој рече дека одлуката на судот е авантура за судството . Пред сите муфтии на вонредната седница на Ријасетот , Реџепи рече дека Бузаку никогаш нема да биде реис .

,,Тој кога ќе биде реис ул улема, тогаш нема да постои Исламска верска заедница“, заклучи Реџепи.

Реџепи вчера рече дека ИВЗ „Веќе не е на иста страна со оваа Влада“, а за судијката која пресуди во корист на Бузаку и за која случнал дека е болна рече „Нека умре“.

SHARE

Оставете коментар