Референдум за името без цензус, бараат аналитичари!?(ВИДЕО)

Комуникологот Петар Арсовски смета дека за да се обезбедело фер изјаснување на граѓаните на референдум е да се тргне цензусот за излезност, зашто сегашниот цензус отвора можности за бојкот.  Со што би се изиграла волјата на мнозинството.

Во емисијата “360“ на Алсат ТВ, Арсовски вели: „Задолжителниот референдум дозволува еднаквост меѓу недостиг на цензус и мнозинство против. Ги едначи тие. И така тие кои се противници на договорот имаат двојно повеќе шанси да успеат на референдум отколку оние што се поддржувачи на договорот, а можеби се мнозинство“.

Комуникологот Сефер Тахири, смета дека ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став дали ќе учествува на референдумот или ќе го бојктотира и порачува:

„Владата до сега требаше да се изјасни дека референдумот ќе биде обврзувачки со тоа што и повеќе ќе ги мотивираше поддржувачите да се мобилизираат и излезат на референдум“.

Марко Трошановски од Институтот за демократија смета дека „да се намали евентуално цензусот што е исто така проблематично бидејќи е противуставна постапка а друга опција е да има што поголема излезност… или да имаме негативно референдумско прашање“,