Регион

Бугарија воведува забрана за извоз на горива во ЕУ

Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании.

Парламентот на Бугарија денеска го усвои предлогот со кој привремено се ограничува извозот на нафтени деривати (дизел и керозин) во други земји-членки на ЕУ, со цел да гарантира енергетска безбедност на земјата, по американските санкции за руските компании.

Авторите на предлогот ја наведоа „потребата да се гарантира енергетската безбедност на земјата и стабилноста на домашниот пазар на гориво поради санкциите на САД за руските енергетски компании, вклучително и „Лукоил“, кој управува со најголемата рафинерија за нафта во Бугарија.

– Во контекст на намалената предвидливост на снабдувањето, привремена забрана за извоз и испораки во рамките на ЕУ се воведува како пропорционална и неопходна мерка за заштита на јавниот интерес, истакнаа авторите на предлогот.

САД минатата недела воведоа санкции насочени кон руските нафтени компании „Росњефт“ и „Лукоил“, вклучително и замрзнување на сите нивни средства во САД и забрана за сите американски компании да соработуваат со нив. Компаниите што работат со „Росњефт“ и „Лукоил“ може индиректно да бидат санкционирани.

Исклучоци се дозволени за полнење гориво на локални и странски бродови и авиони, како и за испораки на вооружените сили на НАТО или на вооружените сили на земјите-членки на ЕУ, кога тоа е поврзано со заедничката безбедносна и одбранбена политика.

Најнови вести од: Регион

Грчката пошта става клуч на врата на повеќе од 200 филијали низ цела Грција

Затворањата влијаат на 204 од вкупно 456 пошти – 40 во Атика (регион на Атина) и 164 во остатокот од земјата – драстична мерка што се спроведува за справување со тешката финансиска криза на државното претпријатие.

(Фото): На улиците во Нови Сад имало повеќе луѓе отколку што градот имал во 1990-тите

Пред една година на денешен ден во Нови Сад, 16 лица загинаа, а едно девојче беше тешко повредено кога се урна настрешницата на реновираната железничка станица. Една година подоцна, кривичната одговорност за тој настан се уште не е утврдена.

(Фото): Србија се сеќава за жртвите – една година од трагедијата под надстрешницата

Вишиот суд во Белград денеска го потврди обвинението во врска со уривањето на настрешницата. Во суд ќе седнат раководителот на инфраструктурата на Српските железници и двајца членови на Комисијата за технички преглед на Железничката станица.

To top