Регион

Две лица уапсени за шверц од Македонија во Албанија преку граничниот премин Блато кај Дебар

Двајца во притвор еден под истрага

Полицијата во Република Албанија ја финализирала операцијата со кодно име „Скенер“, при што е уапсен 42-годишник од градот Макелара кој превезувал шверцувана стока од Македонија, како и царински службеник од подружницата Блато осомничен за корупција и злоупотреба на службена должност.

За време на претресот, запленети се стока, возило и парични суми во различни валути.

Во известувањето од полицијата се вели дека
полициската операција со кодно име „Скенер“ ја спровел Одделот за истраги на економски и финансиски криминал.

42-годишникот е уапсен откако бил фатен на дело додека превезувал стока што ја шверцувал од Република Македонија.

Уапсен е и царински службеник од подружницата Блато, бидејќи се сомнева дека преку корупција дозволил да се изврши оваа криминална активност.

Уште еден царински службеник од оваа подружница е под истрага, осомничен за злоупотреба на службена должност.

Како резултат на брзото администрирање на информациите добиени оперативно, во врска со случај на шверц на разновидна стока преку ГП Блато, специјалистите од Одделот за истраги на економски и финансиски криминал ја финализираа операцијата „Скенер“, објави албанската полиција.

Во рамките на операцијата:
– државјанинот А.Ц., 42 години, жител на село Маќелара, е уапсен за кривични дела „Активна корупција на лица кои вршат јавни функции“, „Шверц на друга стока“, „Шверц на забранета или ограничена стока“, „Трговија и транспорт на контрабандирана стока“ и „Прикривање приходи“;
– државјанинот А.Л., 51 година, жител на Тирана, кој работи како царински службеник во царинската подружница Блате, е уапсен за кривични дела „Пасивна корупција на лица кои вршат јавни функции“ и „Злоупотреба на службена положба“;
– е покрената постапка против државјанинот Е.М., 50 години, жител на Корча, кој работи како царински службеник во царинската подружница Блато, за кривично дело „Злоупотреба на службена положба“.

На територијата на административната единица Маќелара, запрено е возило „Опел“ управувано од 42-годишен маж. За време на претресот, во возилото е пронајдена сомнителна шверцувана стока (кутии со детергенти и материјали за пакување), бидејќи не биле опремени со фактури за купување.

Од понатамошните истраги за овој случај, се сомнева дека двајцата царински службеници ја злоупотребиле својата положба, фаворизирајќи го 42-годишниот маж за извршување на ова кривично дело.

Процесните материјали се упатени до албанското Обвинителство при Основниот суд за општа надлежност во Дибер, за понатамошно постапување.

Најнови вести од: Регион

Спектакуларно бегство на опасен затвореник во Грција: соучесниците, маскирани како полициски специјалци, ги разоружале чуварите

Во северна Грција е во тек голема полициска потрага по 41-годишен затвореник од албанско потекло, кој изведе спектакуларно бегство. Настанот се случи во петокот навечер (11 септември 2026 година) околу 23:30 часот, јавуваат грчките медиуми. Иако затвореникот издржувал казна во затворот Нигрита кај Серес,  бегството се случило во Општата болница во Серес.

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

To top