Регион

Го*но, поддршка, кавга – Карлеуша и Селма Бајрами во политичко – естраден клинч

Сега си единствената што се покажува како гомно…

Пејачките Карлеуша и Селма Бајрами влегоа во политичко естраден клинч откако на Карлеуша и ги исклучија двата Инстаграм профили.

 

Откако Селма Бајрами ставила лајк на веста дека Карлеуша ги загубила профилите на Инстаграм српската пејачка ја нарече гомно затоа што кога сите ја напаѓале таа ја бранела.

„Селма, Селма… јас бев единствената што те бранеше, гомно едно“, напиша  Карлеуша со прикачен принт скрин од ,,лакот” на Бајрами.

 

 

Селма Бајрами, пејачка на која некогаш ѝ беше забранет влез во Србија а сега го поддржа затворањето на Инстаграм профилот на Јелена Карлеуша, врати со иста мерка.

 

,,Сега си единствената што се покажува како гомно затоа што напаѓаш некого што те бранел со години кога сите те плукаа. Но, ја разбирам твојата злоба. Не ти е лесно…”, одговори Бајрами.

 

За многумина судирот меѓу  босанско херцеговска пејачка од албанско потекло Селма Бајрами и Карлеуша се должи на судирот меѓу власта и опозицијата во Србија каде Бајрами отворено ја поддржа опозицијата и блокадите.

 

Карлеуша е на страната на власта на Александар Вучиќ.

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top