Регион

Изборните победници во Србија нема да воведат санкции кон Русија

Не сме тука за да им угодуваме на странците, туку за да дејствуваме во наш национален интерес, изјави Јово Бакиќ од Студентската листа

Студентската листа, која победи на изборите во Србија, ги отфрли тврдењата на донеодамнешниот претседател Александар Вучиќ во врска со плановите за воведување санкции кон Русија.

„Ја почитуваме Русија и како голема сила, и како партнер од историско значење за нас, а во многу случаи, и како заштитник. Во тој поглед нема да има промени. Какви било санкции што една мала нација, како што е Србија, би можела да ги воведе кон Русија, не би промениле ништо, но од симболичен аспект, би биле крајно штетни“, изјави за руските медиуми Јово Бакиќ, претставник на Студентската листа.

Тој исто така јасно стави до знаење дека Белград нема да се откаже од рускиот гас, и покрај притисокот од Европската комисија.

„Ние не сме тука за да им угодуваме на странците; тука сме за да дејствуваме во наш национален интерес“, нагласи Бакиќ.

Најнови вести од: Регион

Шпански весник „Вангуардија“: Поразот на Вучиќ отвора врата за зближување меѓу Србија и ЕУ

„Изборниот пораз на Александар Вучиќ отвора врата за приближување на Белград кон Европската Унија (ЕУ) по неколку години студенило.“ – истакнува според денешниот шпански весник „Вангардија“.

Брнабиќ се искара со граѓани: „Кажете ми сега кој е пи*ка?“ (ВИДЕО)

Претседателката на Народното собрание на Србија, која моментално ја извршува и функцијата вршител на должноста претседател на Републиката, синоќа влезе во вербална расправија со граѓани откако ѝ дофрлиле додека поминувала со службеното возило.

To top