Регион

Коските на ,,Самоил” како проклетство за Јотова, ништо од победата во првиот круг

Проклетството на коските на Цар Самоил над главите на Јотова и Радев

На денешниот прв круг од претседателските избори во Бугарија, актуелната претседателка Илијана Јотова не успеа да постигне убедлива победа, и покрај неодамнешното пренесување на коските од островот Ахил во Грција, за кои без цврсти докази се тврди дека се на цар Самоил.

Според егзит-половите, Јотова (со вицепретседателски кандидат Кирил Вълчев) добива околу 32–36,5 отсто од гласовите, додека Андреј Гјуров е блиску зад неа со околу 31,6–32,5 отсто. Третото место е за Костадин Костадинов.

Излезеноста е рекордно ниска – околу 21–22 отсто. Бидејќи ниту еден кандидат не доби над 50 отсто, а излезноста е далеку под прагот, вториот круг меѓу Јотова и Гјуров е закажан за 1 ноември.

Пренесувањето на коските од островот Св. Ахил (Свети Ахил) во Преспанското Езеро, организирано на почетокот на октомври, беше претставено како голем историски и национален настан. Коските, откриени уште во 1969 година од грчкиот археолог Николаос Муцопулос, се поврзуваат со Самоил врз основа на историски индикации и повреда на левата рака, но без ДНК-потврда. Некои историчари истакнуваат дека нема генетски доказ. Јотова ја опиша операцијата како доказ дека „обединета Бугарија успева“.

Критичарите го гледаат целото пренесување како класична маркетинг-операција во предизборна кампања – обид да се разбуди патриотски емоции и да се обезбеди убедлив резултат. Вечерва, сепак, резултатот покажа дека коските не донесоа очекуваната политичка дивиденда. Јотова води, но тесно, и оди во втор круг наместо да ја затвори работата уште на првиот круг.

Во бугарската политика историските симболи често се користат како предизборно оружје. Овојпат, се чини, коските на претпоставениот Самоил не беа доволно силни да го претворат првиот круг во триумф.

Најнови вести од: Регион

Најава за големи демонстрации во Албанија за 28 и 29 ноември 2026! Вчера палени контејнери, Рама маван со јајца, кршена вратата на Парламентот!

Студентското движење и незадоволните граѓани продолжуваат со редовни протести пред Министерството за образование и пред Владата во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама и промени во власта. Вчера за време на протестот во Тирана, дојде до инциденти со палење контејнери, по што полицијата уапси три лица, поведе постапки против уште 18 и изрече 44 парични казни. Организаторите го најавуваат следниот голем бран на демонстрации за празничниот викенд на 28 и 29 ноември, кога се очекува пристигнување на албанската дијаспора во Тирана за масовен марш.

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

Најнови вести

To top