Регион

Косовската претседателка ја присвои Мајка Тереза: На папата му рекла дека хуманистката е од Дарданија

Опасна и непотребна провокација на Вјоса Османи кон Македонија

Претседателката Вјоса Османи со провокативна изјава Мајка Тереза за време на посетата на Ватикан.

Според Османи, Мајка Тереза е од Дарданија која Албанците ја сметаат за своја прататковина.

Со споменување на Мајка Тереза и уште неколку други историски личности Османи додава масло на историските расправи во регионот.

Османи која наскоро заминува од претседателската функција се очекува да прави партија.

Мајка Тереза е родена во Скопје во 1910 година и нема никаква врска со Дарданија за која зборува Османи.

Според Османи таа пред Папата Лео ги истакнала историските врски на Косово со христијанството, нагласувајќи дека Дарданската земја му дала на светот истакнати личности како што се Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, Света Мајка Тереза, царот Константин и Јустинијан, како и други важни личности за историјата на хуманизмот и европската цивилизација.

 

Османи побарала од папата Лав XIII Светата столица официјално да ја признае независноста на Косово, за време на состанокот одржан во Ватикан, кој го опиша како многу значаен за односите меѓу двете страни.

 

По состанокот во саботата, во видео објавено на Фејсбук, Османи рече дека ова е важен ден за односите меѓу Косово и Ватикан, истакнувајќи дека, покрај средбата со папата, разговарал и со кардиналот Пјетро Паролин.

 

„На средбата со Неговата Светост, ја изразив надежта и вербата на целиот народ на Косово дека Ватикан конечно ќе ја донесе долгоочекуваната одлука за признавање на Република Косово, признавајќи го долгото страдање на нашиот народ да живее слободен и независен“, рече Османи.

 

Таа нагласи дека таквата одлука би имала позитивно влијание не само за Косово, туку и за мирот, стабилноста и просперитетот во регионот.

Најнови вести од: Регион

Куп нови правила за летање со авион во ЕУ од 2027 – Што сè се менува?!

ЕУ ги реформира правата на патниците во воздушниот сообраќај. Од овие промени корист треба да имаат семејствата и лицата со попреченост. Но, во други области патниците ги очекуваат и одредени влошувања на условите.

Полицијата се судри со демонстранти во Приштина, 17 повредени (ВИДЕО)

Демонстрантите, во еден момент почнале да фрлаат пиротехнички средства кон зградата на парламентот и да палат контејнери, на што полицијата возвратила со солзавец со цел да ја потисне толпата и да ја смири ситуацијата

Божиновска на министерски самит за енергетика во Белград

Средбата на која со свои делегации ќе бидат и министрите за енергетика на Србија, Грција и Бугарија, е продолжение на првиот министерски самит што се одржа во Атина на 15 мај годинава, кога четирите земји се согласија дека енергетската сигурност, стабилноста и отпорноста на системите не можат веќе да се гледаат само како национални, туку и како заеднички регионални приоритети

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

To top