Во Бугарија се отвора и прашањето дали средновековниот владетел Самоил во иднина би можел да биде прогласен за светец, откако „неговите“ посмртни останки беа предадени од Грција на Бугарија.
Богословот доц. Костадин Нушев, за „Bulgaria ON AIR“ објаснува дека евентуалната канонизација би била долг црковен процес и дека за неа не се доволни само историските и државничките заслуги на цар Самуил.
Според Нушев, прво треба да се направи разлика меѓу моштите на светец и посмртниите останки на историска личност, пренесува порталт „Религија“
Останките на цар Самуил, како што објаснува богословот, во овој момент треба да се разбираат како свештена реликвија поврзана со историјата и паметта на бугарскиот народ, а не како мошти на канонизиран светец.
„Зборуваме за свети мошти кога имаме останки на светец, посведочени преку пројави на неговата светост – тие ја излеваат Божјата сила и благодат преку чудотворство“, вели Нушев, додавајќи дека кај цар Самуил станува збор за останки на владетел кои имаат особено значење за народната историска меморија.
Токму тука се отвора и суштинското прашање – дали историската улога на еден владетел може да биде основа за негово прогласување за светец.
Одговорот на Нушев е дека државничките заслуги сами по себе не се доволни.
За евентуално започнување официјална процедура, потребно е детално истражување на целиот живот и делата на цар Самуил, но и нивно разгледување од духовна и црковна перспектива.
„ За да се пристапи кон официјална канонизација, потребно е целосно истражување на животот и делата.. “, објаснува бугарскиот богослов.
Во православната традиција, како што објаснува Нушев, официјалното прогласување за светец не претставува едноставна административна одлука, туку завршница на подолг процес.