Регион

Оваа слика не смее да биде објавена во Хрватска

На изложба требало да бидат прикажани фотографии од жени од Србија кои се грижеле за своите семејства, домови и имот откако нивните машки членови на семејството биле однесени во битките во Првата светска војна, и кои никогаш не добиле признание за нивната жртва

Градоначалникот на Вуковар, Маријан Павличек, побара од организаторите на изложбата на фотографии од „српски жени“, – Српскиот културен центар Вуковар, Заедничкиот совет на општини и Генералниот конзулат на Република Србија – да ја одложат изложбата, која требаше да се отвори во вторник,.

„Бидејќи сме во Деновите на сеќавање на жртвите од Вуковар, во деновите на сеќавање на 2.717 загинати и исчезнати хрватски бранители и цивили во големосрпската агресија, барам организаторите да ја одложат изложбата до по ноември“, напиша Павличек на својата Фејсбук страница.

Тој додаде дека секое национално малцинство има право да ја негува својата култура и обичаи, но дека организаторите мора да бидат свесни дека ноември е месец на најголемо страдање на хрватскиот народ, особено во Вуковар.

„Секој сантиметар од градот Вуковар е натопен со крвта на хрватските бранители, речиси и да нема хрватско семејство кое не изгубило некого од своите најблиски во текот на ноември“, напиша Павличек, оценувајќи дека одржувањето на изложбата во деновите на жалост би било несоодветно и предупредувајќи дека ваквите настани би можеле да се сфатат како провокација.

Во изјава за Хина, Павличек рече дека дознал за изложбата „Србинка, хероина на Големата војна“ утрово и дека нема информации дали изложби на Српскиот културен центар биле одржани во ноември во претходните години, но дека слични културни манифестации на српската заедница низ цела Хрватска наишле на различни реакции на јавноста во последните денови.

„Како градоначалник на Вуковар, јас сум одговорен пред сите граѓани. Затоа побарав одложување на изложбата“, рече Павличек. Тој исто така изјави дека голем дел од Хрватите во градот ја сметаат изложбата за несоодветна, особено во пресрет на Денот на сеќавањето на жртвите од Вуковар и само неколку дена пред Колоната на сеќавањето, на 18 ноември.

„Нема ниту еден сантиметар од вуковарската почва што не е натопена со крвта на хрватските бранители, ниту семејство кое не изгубило некого близок во „татковинската војна“ од пред 30 години

Најнови вести од: Регион

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

„Корча плус“: Општина Пустец заборавена и во беда, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Најнови вести

To top