Регион

Петмина загинати откако украински возач на комбе удри во приколка на Русин во Словенија

Сите жртви се од возилото управувано од Украинецот на автопатот кај Словенске Коњице кон Љубљана

Пет лица, сите странски државјани, загинаа утрово во тешка сообраќајна несреќа на автопат во словенечкиот регион Штаерска, соопшти Полициската управа за словенечката новинска агенција СТА.

Возач на комбе, украински државјанин, удрил со предниот дел од возилото во задниот дел од приколка управувана, според првичните информации, од возач од Русија, кој не е повреден во несреќата.

„Причина за сообраќајната несреќа е неприлагодена брзина. Возачот, украински државјанин, удрил во задниот дел од запрена приколка“, соопшти полицијата.

Според досегашните информации, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, удрил во задниот дел од приколка која стоела во колона поради изградба на автопат.

Во комбето имало седум патници, од кои петмина починале. Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, а еден патник е тешко повреден. Двајца учесници во несреќата се пренесени во болница, а тешко повредениот патник е пренесен со хеликоптер.

Автопатот беше затворен пет часа. Според инспекторот Божиќ од Полициската станица Целје, камионот веќе е отстранет од местото на несреќата, па сообраќајот сега може да се одвива нормално, а во областа сè уште има голем број полициски патроли.

 

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top