Регион

Почина босанскиот пејач Халид Бешлиќ

Босанскиот пејач на народна музика Халид Бешлиќ почина денеска

Босанскиот пејач на народна музика Халид Бешлиќ почина денеска во Клиничкиот центар во Сараево на 71 година. Бешлиќ неколку недели беше в болница на Oдделот за онкологија. Неговиот менаџер Дамир Рамљак пред две недели за регионалните медиуми кажа дека има надеж пејачот да се излекува.

„Се подобрува, има многу надеж дека ќе биде подобро, па лекарите планираат да го пуштат дома некое време. Добро реагираше на оваа терапија што сега му ја дадоа во болница“, рече тогаш Рамљак.

Бешлиќ  го откажа концертот што требаше да се одржи во Градачац на 27 август, а уште тогаш беше објавено дека има здравствени проблеми и дека почнува со лечење. Потоа беше објавено дека бил префрлен на Одделот за онкологија поради проблеми со црниот дроб.

Неколку недели пред неговата смрт, беше објавена песна посветена на неговата сопруга Сејда, која често ја споменувал како своја поддршка во кариерата. Во 2009, Бешлиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа во која го загуби едното око.

Бешлиќ е роден на 20 ноември во 1953 година во селото Врапци во Босна и Херцеговина. Со музиката се занимава од многу млад, а во поранешна Југославија стана популарен во 1980-тите. Има снимено 18 студиски албуми.

Најголеми хитови на Бешлиќ се: „Миљацка“, „Првиот бакнеж“ (Први пољубац) „Романија“, „Јас без тебе не можам да живеам“ (Ја без тебе не могу да живим) и други.

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

Хаос и тепачка во албанскиот парламент – жесток судир меѓу пратениците на владејачката Социјалистичка партија и опозициската Демократска партија!

Пленарната седница на албанскиот парламент денеска беше прекината, поради ескалацијата на тензиите меѓу пратенците од владејачката позиција и опозицијата.

To top