Регион

Пожарникарите не можеле да помогнат поради метеж на автопатот (ВИДЕО)

Возачот бил заробен во возилото и не успеал да излезе, по што починал

Возач од Македонија настрада во тешка сообраќајна несреќа што се случи во вторникот околу пладне на автопатот Брегана-Загреб. Камионот што тој го управувал ја пробил заштитната ограда, удрил во далновод и се запалил, потврди Полициската управа Брод-Посавина.

Несреќата се случила во близина на Среданци во правец на Брегана, а полицијата добила пријава за пожар во возило во кое имало едно лице.

Според неофицијални информации што ги пренесуваат локални портали, возачот бил заробен во возилото и не успеал да излезе, по што починал. Според хрватските медиуми, станува збор за македонски државјанин.

На местото на несреќата биле испратени сите служби за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите, кои имале тешкотии да стигнат до местото на несреќата поради настанатиот сообраќаен метеж.

Хрватската полиција допрва треба да ги утврди причините и околностите поради кои дошло до несреќата.

Најнови вести од: Регион

„Кауфланд“ казнет со рекордни 76 милиони евра во Бугарија – вршел притисок врз сите, компанијата се заканува со стопирање на инвестициите

Одлуката следува по повеќемесечно истражување на пазарот на храна, кое бугарскиот регулатор го започнал во јуни 2025 година, со посебен фокус на цените, трговските маржи и договорните односи меѓу големите синџири и производителите.

To top