Регион

Србија дефинитивно го прекина проектот на Џаред Кушнер

Договорот, потпишан во мај 2024 година меѓу српските власти и зетот на Трамп, предвидуваше изградба на хотел, казино и станбен комплекс на локацијата на некогашниот Генералштаб на ЈНА во Белград

 

 

Државата Србија официјално го раскина договорот со компанијата „Atlantic Incubation Partners LLC“ на Џаред Кушнер за „ревитализација“ на просторот на Генералштабот во Белград, тврди извор на белградско „Време“ .

„Договорот е раскинат со откажување од сите можни меѓусебни побарувања“, тврди изворот. Ова би требало да значи дека на Србија веќе не ѝ се заканува арбитража и можни пенали поради неисполнување на нејзиниот дел од договорот.

Генералниот секретаријат на Владата и фирмата на Кушнер не одговорија на прашањата на „Време“.

Договорот за изградба на хотел, казино и станбен комплекс на локацијата на Генералштабот беше потпишан во мај 2024 година од тогашниот министер за градежништво, Горан Весиќ, откако претходно беше одобрен од Владата.

Уште од самиот почеток, овој бизнис е проследен со сомнежи дека станува збор за услуга кон американскиот претседател Доналд Трамп, чиј зет е Кушнер.

Договорот не беше достапен за јавноста, но „Радар“ откри дека Србија се обврзала да ја отстрани заштитата од комплексот – кој беше бомбардиран во 1999 година – да ги урне објектите на свој трошок и бесплатно да го отстапи земјиштето на користење во период од 99 години.

Особено контроверзен беше податокот дека Србија имала рок од две години – до мај 2026 година – да го исполни ветеното; во спротивно, инвеститорот би можел да побара отштета во износ до 50 милиони евра.

Владата во ноември 2024 година му го одзеде на Генералштабот статусот на културно добро. Претходно, директорите на Републичкиот и на Градскиот завод за заштита на спомениците поднесоа оставки, наведувајќи дека биле изложени на притисок бидејќи одбиле да ја укинат заштитата.

Обвинителството за организиран криминал тврди дека Владата ја донела одлуката врз основа на фалсификуван предлог. Вршителот на должноста директор на Републичкиот завод, Горан Васиќ, на рочиштето во мај 2025 година призна дека го фалсификувал документот.

Јавното негодување кулминираше на 24 март 2025 година, на годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО, а потоа повторно во ноември, по усвојувањето на посебниот закон (*lex specialis*) за Генералштабот.

На 15 декември, Обвинителството за организиран криминал (ТОК) поднесе обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ, секретарката на Министерството Славица Јелача и раководителите на два завода, Горан Васиќ и Александар Ивановиќ. Истиот ден беше објавено дека Кушнер се повлекол од проектот.

Сите четворица пред Специјалниот суд изјавија дека не се чувствуваат виновни. Презентирањето на писмените докази требаше да започне на рочиштето на почетокот на ноември, но истото беше одложено бидејќи Васиќ се наоѓал во болница. Продолжувањето на судењето е закажано за 23 ноември.

Планот на зетот на Трамп предизвика бран протести и  во Албанија:

Политико: ЕУ ја предупредува Албанија за проектот поврзан со Кушнер

Најнови вести од: Регион

Најава за големи демонстрации во Албанија за 28 и 29 ноември 2026! Вчера палени контејнери, Рама маван со јајца, кршена вратата на Парламентот!

Студентското движење и незадоволните граѓани продолжуваат со редовни протести пред Министерството за образование и пред Владата во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама и промени во власта. Вчера за време на протестот во Тирана, дојде до инциденти со палење контејнери, по што полицијата уапси три лица, поведе постапки против уште 18 и изрече 44 парични казни. Организаторите го најавуваат следниот голем бран на демонстрации за празничниот викенд на 28 и 29 ноември, кога се очекува пристигнување на албанската дијаспора во Тирана за масовен марш.

Најдовски: Како книгата „Егејци“ на Кица Колбе, стана „подобна“ во Грција?

Откако јавно и гласно ја поддржа политиката на Заев и Преспанскиот договор, а потоа стана и дел од Комисијата за ревизија на историјата со Грција, книгата е добредојдена кај јуќниот сосед

To top