Регион

Туристка платила 1.500 евра за еден километар со такси во Загреб!

Новозеланѓанка планирала да прошета низ Европа, но брзо се откажала откако ја „закрпиле“ во главниот град на Хрватска

Новозеландска туристка палтила сметка од 1.506 евра за возење со такси на растојание од 1,05 километри во Загреб, објави хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Жената била на обиколка низ Европа во мај и по посетата на Италија и на Словенија пристигнала во Хрватска, а планирала да оди и во Србија, Бугарија и Грција, но огромната сметка за такси ѝ го исцрпила буџетот.

Фатила такси во Загреб, а возачот на таксито ја предупредил дека може да плати само во готово. Кога забележала на семафор дека сумата за превоз ѝ достигнала 85 евра, жената го замолила возачот да запре за да се симне, бидејќи имала само 65 евра во кеш. Тој ѝ рекол дека може да плати со картичка кога ќе стигнат на дестинацијата, кадешто ќе ги чека негов колега со ПОС-терминал.

На крајот сумата што требало да ја плати Новозеланѓанката била 185 евра, но протестирала, па возачот ѝ дал попуст и ѝ побарал 150 евра, кои жената ги видела напишани на ПОС-терминалот. Возачот потоа ѝ рекол да го внесе пинот во апаратот, ѝ ја зел картичката од рака и самиот ја ставил во терминалот што му го дал другиот возач.

„Ја држеше над нивото на моите очи. Го внесов ПИН-кодот, по што тој ми ја врати картичката“, раскажува за „Јутарњи“ туристката Карол Кауен, која дури откога возачот си заминал забележала дека не ѝ дал фискална сметка.

Таа се посомневала и кога си ја проверила сметката утврдила дека платила за такси 1.506 евра. Според нејзините зборови, најверојатно возачот со таксиметар ја отчукал цифрата 6 по сумата од 150 евра.

Весникот понатаму пишува дека, откога го пријавил случајот, возачот чијшто бил ПОС-терминалот ѝ вратил на туристката 1.350 евра.

Полицијата го истражува настанот.

Најнови вести од: Регион

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

Еди Рама: Што бараат Албанци од Тетово на протести во Тирана

Албанскиот премиер Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“

Бугарија одобрила извоз на шпионски софтвер и опрема за странски разузнавачки служби

Human Rights Watch предупредува дека лиценците се „јасен доказ“ дека Бугарија одобрува извоз на технологија за следење кон земји со долга историја на злоупотреба на таква опрема за кршење на човекови права

To top