Регион

Вучиќ: Избори во Србија во октомври или ноември

Функционери на СНС во неколку наврати изјавија дека сакаат Вучиќ да биде нивен кандидат за премиер на следните избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во Србија ќе се одржат избори во октомври или ноември.

Во интервју за три провладини телевизии, Вучиќ изјави дека повеќе детали, како и одговор на прашањето дали ќе се кандидира за премиер, ќе соопшти на собирот на владејачката Српска напредна странка (СНС), закажан за 27 јуни во Белград.

Претходно, функционери на СНС во неколку наврати изјавија дека сакаат Вучиќ да биде нивен кандидат за премиер на следните избори.

Најнови вести од: Регион

„Кауфланд“ казнет со рекордни 76 милиони евра во Бугарија – вршел притисок врз сите, компанијата се заканува со стопирање на инвестициите

Одлуката следува по повеќемесечно истражување на пазарот на храна, кое бугарскиот регулатор го започнал во јуни 2025 година, со посебен фокус на цените, трговските маржи и договорните односи меѓу големите синџири и производителите.

To top