Регион

Вучиќ за одложената посета на Кос: Објаснувањето ѝ беше глупаво! Требаше да забраниме погреб на Младиќ, да правиме кучешки гробишта?!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го нарече „глупаво“ објаснувањето за одложувањето на посетата на европската комесарка за проширување Марта Кос на Белград.

Европската комесарка претходно во објава на оптествената мрежа икс соопшти дека ја откажува планираната посета. Таа изнесе оценка дека „славењето, што ги следи смртта и враќањето на посмртните останки на Ратко Младиќ во Белград е неспојлива со европските вредности и соочувањето со минатото“. Младиќ беше осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, а Кос нагласи дека „принципите и вредностите, врз кои се темели ЕУ не се предмет на преговори“.

-„Објаснувањето беше исклучително кратко, но глупаво, како и обично. ‘Глорификација’ на генералот Ратко Младиќ, само не кажува кој глорификувал што. И кога не можат да најдат ништо конкретно, тогаш се занимаваат со подвозници, надвозници, требало веројатно да им забраниме на луѓето да се појават, да забраниме погреб, да правиме кучешки гробишта.“ – изјави српскиот претседател. Вучиќ во реакција пред новинарите. Тој порача дека „нема да дозволи Кос да ја понижува Србија ниту да му држи лекции за тоа кој е злосторник“, посочувајќи на „двојни стандарди при третманот на националистичките извици, како што е ‘За дом спремни’ во други европски средини“.

Српскиот претседател додаде дека за него е далеку поважно да ја дочека пресудата за поранешниот лидер на ОВК, Хашим Тачи, најавена за 16 септември, отколку доаѓањето на еврокомесарката во Белград. Жал ми е, навистина сакав убаво да се исприкажаме, како за едно четири години да го отвориме кластерот 3 кога ќе дојде тројна промена на власта, бидејќи сега нема да дојде, и веднаш да ја информирам дека имаме предност, значително ја зголемуваме во однос на нашите противници – додаде Вучиќ.

Најнови вести од: Регион

Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности – важни чекори кон забрзана евроинтеграција

„Регионалната соработка, размената на идеи и создавањето нови можности се важни чекори кон стабилен, просперитетен регион и забрзана европска интеграција.“ – објави премиерот Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил, откако присуствуваше на работниот ручек, посветен на улогата на младите во обликувањето на иднината на Западен Балкан, во рамки на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора.

To top