Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, во гостување на „Телма“ најавува дека по усвојување на методологијата за проширување, во Унијата најпрво ќе почне голема дебата со цел  да се усвојат нови, построги правила за владеење на правото кои ќе важат за сите подеднакво.

Перцепцијата на граѓаните за независноста на судството лани се влошила за 60 отсто заради политичките притисоци врз судството во Унгарија, Полска или Бугарија.

„Оваа година ќе го започнеме процесот со земјите членки и ќе направиме извештај за владеењето на правото со сите земји членки на ЕУ . Потоа, наредната година или за две години, ќе го направиме истото и за Западниот Балкан. Ќе ги примениме истите принципи, истите правила и за земјите од Западниот Балкан. Многу е важно да имаме политичка дебата, да се отвори вратата за поглобална дебата, поглобален пристап кон проширувањето, но секако и дека ќе може да се исполнат сите критериуми во однос на владеењето на правото“, вели Рејндерс.

Телма


SHARE