Река ќе ги земе „моите“ гласови во првиот круг, вели Пендаровски

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, верува дека тој и Гордана Силјановска ќе поминат во вториот круг на претседателските избори.

Што се однесува до кандидатот Блерим Река, Пендаровски во интервју за Ал Џезира вели:

„Реалните проценки покажуваат дека тој не може да помине во вториот круг, но грубо кажано, тој во првиот круг ќе ги земе „моите “ гласови.  Моја поддршка е и албанскиот електорат, и нормално е да се очекува дека господинот Река ќе добие најмногу гласови од тој ентитет“ – вели Пендаровски.

За неговото учество на претседателските избори во 2014 година кога противкандидат му беше актуелниот шеф на државата, Ѓорѓе Иванов, Пендаровски вели:

„Јас не сум член на ниту една партија, но политички се согласувам и соработувам со СДСМ веќе осма година. Во 2014 година бев независен кандидат на претседателските избори, и тогаш добив значителен број албански гласови, околу 35.000. Но, тогаш, на власт, беше автократски режим, вклучувајќи ја и најголемата и главна албанска партија, Демократската унија за интеграција.

Сега ДУИ е во владејачката коалиција (со СДСМ) политичките и социјалните конотации се сосема поинакви“, вели Пендаровски.

Целото интервју на следниот ЛИНК

SHARE

6 Коментари

  1. Sada znam zbog chega nashi studenti nishta ne znaju i sy gljupi. Kad imate profesore kao ovih 3 i vishe teshko na nashi dechi.

  2. Ебати македонскиот кандидат да стане претседател со гласови од Албанците… ха ха ха

Comments are closed.