Блерим Река во вчерашната дебата на претседателските кандидати емисија „Детектор“ на ТВ Сител, рече дека протовкандидатот Стево Пендаровски е внатрешен избор на партиите СДСМ и ДУИ и според тоа не може да е консензуален кандидат.

„Концептот кој го промовираат на овие претседателски избори со заедничкиот кандидат Стево Пендаровски, не е воопшто консензуален концепт туку е меѓупартиски договор.

Консензуалноста е поширок поим и инклузивен процес во кој сите граѓани, преку различни начини, ќе бидат застапени. Во овој случај имаме консензуалност на политички партии кои застанале позади одреден кандидат но во ниту еден случај тоа не значи дека го отсликува целото општество во Македонија“ рече Река одговарајќи на прашање кое му беше поставено од вицепремиерот Бујар Османи.

На кандидаттите по едно прашање поставија лидерите на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, а во име на ДУИ – Османи.

Река, незадоволен зошто добива прашање од член на ДУИ,  не одгвори дали во вториот круг ќе гласа за – Пендаровски.

SHARE

Оставете Коментар