Одложено рочиштето за „Рекет“, се разболеа адвокатите на Јанева

Се одложи денешното рочиште за случајот “Рекет” бидејќи во судница не се појавија адвокатите на обвинетата Катица Јанева.

Дељо Кадиев го известилСудот дека ќе биде отсутен поради болест и побара одложување на рочиштето од пет дена.

Утрово поради болест, отсуство пријави и другиот авдиокат на Јанева, Ирена Фрчковска.

На денешното рочиште за „Рекет“  требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова, која ја води истрагата за предметот „Империја“.

Стефанова се очекува да одговори на прашањето, дали Јанева го „изрежирала“ случајот „Империја“ со цел изнуда на пари како што обвини осомничениот бизнисмен Орце Камчев.

Во случајот „Рекет“ обвинети се поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13, а Зоран Милески-Кичеец веќе ја доби казната од три години затвор.

SHARE