Денеска се очекува да продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јоивановски и Катица Јанева.

Најавено дека на денешното роќиште во Основниот суд да бидат презентирани снимки кој сведокот Јордан Камчев ги достави во Обвинителството.

На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милевски-Кичеец, кој призна вина.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

На првото рочиште за „Рекет“, на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

SHARE