Обвинителката Вилма Русковска вчера се согласи денеска да бидат презентирани снимките од УСБ-то на Зоран Милевски-Кичеец во кое тој разговара со Бојан Јовановски-Боки 13..

Но, утрово обвинителката се премисли и препорача јавноста да се исклучи затоа што во снимките се спомнувале познати имиња.

„За да не им се наруши нивната чест и углед, предлагам да биде исклучена јавноста“, рече Русковска.

Според „Плусинфо“, на ова реагираа обвинетите во Рекет Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и адвокатите, а остри реакции упатија и новинарите поради неконзистентноста на обвинителката и на судечкиот совет и а најавија и дека за ваквиот однос ќе се пожалат во Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

SHARE