Рекетирал колега, осуден од Советот за етика во медиумите

Советот за етика во медиумите на Македонија на својата последна седница го осудил Сашо Иваноски и порталот Мактел.Мк за грубо прекршување на Кодексот на новинарите за професионално и етично информирање, a медиумот го злоупотребил за лична пресметка со колега.

Порталот Мактел на сопственикот Саше Ивановски, е осуден откако пред десет дена објави фотографии од ќерките на сопственикот на порталот Охрид скај, Сашо Денесовски, како и текст во кој тврди дека таткото „ги рентал“ сопствените ќерки во охридските хотели.

Денесовски тврди дека Ивановски му барал 5000 евра а добил и СМС порака испратена од телефонот на Иваноски, во која навел: „ШОКАНТНО Познат охридски новинар и рекетар ги рента своите ќерки низ хотели во Охрид, Фото галерија од ќерките“.

Откако не успеало рекетирањето, на Мактел била објавена лажната вест. Денесовски настанот го пријавил во полиција каде доставил докази и материјали од објавата на Иваноски, на порталот Мактел.