Рекорден број Грци против Преспанскиот договор

Истражувањето на грчката агенција Метрон за весникот Та Неа покажува дека високи 83 % од грчките граѓани се против договорот за името потпишан во Преспа.

Дел од грчките аналитичари сметаат дека овој висок процент може да влијае на радикализација на состојбите на политичката сцена.

Во врска со изборите 38 проценти од граѓаните се за предвремено изјаснување, 31 мислат дека владата на Ципрас треба да го доврши мандатот а 24 дека е потребна влада на национално единство која нема да ја води Ципрас.

SHARE

Comments are closed.