Рекордни 154 лица на респиратор во Србија, поставени нови 49!

Состојбата со коронавирусот во Србија забележа нов неславен рекорд од 159 пациенти на респиратор, а во последните 24 часа се регистрирани 12 починати, со што вкупната бројка достигна 405, како и 279 нови позитивни случаи.

„За жал, повторно е многу лош ден по бројот на починати, дури 12 лица. На респиратор се 154 пациенти и со ова тоа денеска станува најлош ден од првиот регистриран случај на коронавирус во март“, изјави премиерката Ана Брнабиќ

Таа додаде дека во последното деноноќие се направени 6.915 тестови, а хоспитализирани се уште 159 лица.

Поради зголемениот број критични случаи, денеска се поставени нови 49 респиратори во болниците низ земјата.

„Тоа покажува колку е сериозна борбата и колку е тешка болеста“, вели таа, напомнувајќи дека во следните неколку дена ќе се видат последиците од протестите, од различните јавни собири, прослави…