Рекордни суми за чоколадно ремек дело на хуманитарна аукција во Скопје

Здружението на граѓани „Позитиво“ и Фондацијата СТЕМ Академија ја организираа хуманитарната аукција именувана како „Чоколаден спектар„ со цел да се соберат средства за отворање на првиот Центар за аутизам кој ќе работи со сертифицирани програми на Lego Education и ќе обезбеди поддршка на децата за развој на нивните социјални вештини како и стручна дополнителна поддршка на семејствата и родителите.

На вчерашната Аукција на чоколадо, која се одржа во Ресторан Фор во Парк хотел и спа во Скопје, чоколадниот Г-ин Мајк, изработен од пастри шеф Игор Стојановски од PASTEL, достигна рекордна цена од 46.000 денари на наддавањето кое започна со почетна цена од 15.000 денари.

Глорија, чоколадниот лик од Мадагаскар, исто така изработена од Пастел, постигна извонредна сума од 32.000 денари.

Меѓу најпосакуваните чоколадни експонати беше и таканаречениот Ретро кој заедно со најновото ЦД на Пепи Ренџов, Џезилка, од почетната цена од 2000 денари достигна извонредни 11.000 денари.

Чоколадната аукција ја водеа извонредните Виктор Петров – Викса и Миланка Рашиќ, а за прекрасната атмосфера се погрижија Роки и пријателите додека специјален гостин беше Пепи Ренџов кој промовираше песна од најновото ЦД, Џезилка.

Фото: Орце Поповски

SHARE