Ременски ќе биде суспендирана, Заев верува дека ќе се докаже дека е невина


Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање на Фросина Ременски од  Централниот и од Извршниот одбор на СДСМ, но тој лично верува дека е невина.

„Час поскоро ќе очекувам да се докаже таа невиност, за секако да може Фросина Ременски повторно да се врати во органите и телата на партијата, рече денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со неговиот словенечки колега Марјан Шарец.

На пратеничка Фросина Ременски осомничена во „Рекет“ ѝ е одземен пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд.

SHARE