Ременски: Пратениците не смеат да бидат привилегирани

„Никој не смее да биде привилегиран само затоа што бил избран или именуван функционер“ реагира пратеничката Фросина Ременски на најавите дека се подготвува закон за обезбедување државна служба на пратениците по завршувањето на нивниот мандат.

„Законите ги регулираат правата и обврските на сите избрани и именувани функционери за време и по завршување на нивниот мандат.

Ставањето во привилегирана позицијаза време и по престанок на функцијата е спротивно на принципите на недискриминација и еднаквост.

Наместо да се зголемуваат, привилегиите треба да се минимизираат. И тоа веднаш, пред да се уништи јавниот имиџ на функцијата пратеник кој и без тоа е доволно уништен“ напиша Фросина Ременски на Фејсбук.