Репрезентативците во крос кантри трчаат за Македонија, не за „Северна“

Репрезентацијата на Македонија на претстојната Балканијада во крос ја „признава“ само Македонија, без „Северна“, на што наведува заедничката фотографија од Црна Гора, каде што утре ќе настапи на Балканијадата во Беране.

„На покана на Балканската атлетска дедерација за претстојното Балканско првенство во крос кантри, Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество со 5 атлетичари. Денес нашата репрезентација предводена од тренерот Божурка Ѓошевска и од официјалното лице Игор Јакимовски, а во состав: Дарио Ивановски, Кристијан Стојани, Маја Рајчина, Рената Соколовска и младинецот Мартин Милошевски, пристигна во Беран, Црна Гора , каде ги завршија своите последни подготовки за утрешните трки“, соопшти АФМ на својата страница на Фејсбук покрај фотографијата со покриена „Северна“ на таблата со името на државата Македонија.