Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Наќе Чулев, на својот профил на Фејсбук и понатаму за државата во која е на функција го користи името Република Македонија, без додавката „Северна“.

Тоа е забележливо уште на кавер-фотографијата, како и во објавите на социјалната мрежа од неговите активности во овие речиси две седмици како прв човек на МВР.

Наспроти „северничењето“ во секоја можна пригода и насекаде од функционерите на владеачката коалиција, кај наследникот на Оливер Спасовски во МВР на Фејсбук има само Република Македонија.

SHARE