Резбан албум за папата Франциско од Иванов

За време на денешна средба во Вила Водно, петседателот Ѓорѓе Иванов на Папата Франциско му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на Македонија.

Станува збор за албум со 153 авторски фотографии низ кои е претставен дел од милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар.

Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири.