RIP: Замина човекот кој ја спаси Декларацијата за независност

На 82 – годишна возраст по кратко боледување денеска во Скопје почина Драги Арсов, поранешен пратеник и прв потпретседател на Собранието.

Роден е во 1937 година во Кочани. Завршил Факултет за политички науки.

Драги Арсов е и еден од основачите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Арсов е потписник на Декларацијата за независност која што тогаш според неговото последно интервју не ја потпишал тогашниот спикер Стојан Андов кој исчезнал кога требало да стави потпис.

Арсов од 1998 до 2002 ја извршувал функцијата заменик-министер за информации.

Своето последно интервју Арсов го даде во август 2016 година.

Целото интервју на овој линк

SHARE