Ристовска: СЈО сè уште постои

Обвинителката во СЈО, Ленче Ристовска, верува дека ќе се донесе Законот за ЈО и дека од Специјалното обвинителство со соопштение укажале дека е тоа важно.

„СЈО се уште постои, се уште функционираме, по Законот за СЈО до септември 2020 и верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште негувам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение“, рече Ристовска.

За денеска Ристовка најави дека СЈО ќе објави соопштение во врска со дописот што го добиле од ЈО за преземање на предметите.