Ристовски погоди за бод во Грузија, помладиот брат за победа над Фарски Острови

Браќата Стефан и Милан Ристовски ѝ донесоа четири бода на Македонија во двата натпревара на Денот на независноста – постариот израмни на 1:1 во Грузија во Лигата на нациите, а помладиот погоди во победата од 2:1 против Фарски Острови во квалификациите за Европското првенство до 21 година.

Стефан Ристовски ги круниса одличната акција во 33. минута во Тбилиси и асистенцијата од Горан Пандев, анулирајќи го водството на Грузијците од 13. минута преку Торнике Окријашвили од пенал по стартот на Езгјан Алиоски во својот шеснаесетник.

Последните 31 минута „црвено-жолтите“ ги одиграа без исклучениот Висар Муслиу.

По две кола Македонија и Грузија го делат врвот во втората група од дивизијата Ц во Лигата на нациите со по четири бода, еден повеќе од Ерменија, а Естонија е без бодови.

Милан Ристовски, пак, го отвори резултатот во 16. минута во Торсхавн, зголеми Кристијан Ацковски во 80. минута, а конечниот резултат го постави Петур Кнудсен четири минути подоцна.

Македонските фудбалски надежи го делат второто место во шестата група со 10 бода од шест натпревари, но и меч помалку од Казахстан, а води Шпанија со 16 од шест средби.

SHARE