Ризаов: ДУИ и „подземната“ војна против Заев

Спречување на владеење на правото, блокада на испитувањето на имотот на политичарите, заштита на членови на ДУИ во предметите на СЈО, се неколку причини поради кои ДУИ се спротивставува на изборот на Зоран Заев за иден премиер.

Ова го тврди новинарот Ерол Ризаов еден од промоторите на политиките на СДСМ во колумна за Дојче Веле.

Информираниот и близок на раководството на СДСМ Ризаов во критични моменти од преговорите зборува за криминални причини поради кои ДУИ не сака Заев да е премиер.

“Зошто тогаш се се повидливи и поупорни обидите да се елиминира Зоран Заев како победник на изборите од позицијата иден премиер? Дали е во прашање само тврдиот став за Албанец премиер, или има и некои други скриени мотиви непознати за јавноста, дали се работи за подземна војна за спречување токму на најзначајните државни интереси почнувајќи од владеење на правото, испитување на потекло на имотот на политичарите, предметите на Специјалното обвинителство кои опфаќаат стотина партиски и државни функционери и моќници кои треба да седнат на обвинителна клупа?

Загрижувачки се постојаните попречувања на судските постапки по предметите на СЈО префрлени во редовното обвинителство кои не доаѓаат само од криминалното подземје и носителите на организираниот криминал, туку и од политичкиот врв на државата, од медиумите и од политичките партии.

Целата колумна на Ризаов во која тој отвара дилеми според кои ДУИ можеби воопшто не сака правна држава на следниов линк.

SHARE