На новинарот Сеад Ризвановиќ му било јасно од кој, како и зошто е лансирана „аферата Рекет“ поврзана со Боки 13 за која денеска италијански медиуми објавија видео и аудио снимки.

„Прилично е јасно дека конструкцијата на целата афера со рекетот е изведена од страна на засегнатите тајкуни, опозицијата, а речиси сигурно и одредени служби,

Јасно е дека со лансирањето на аферата опозицијата ги поткопува (да не кажам закопува) преговорите околу статусот за СЈО, со што обезбедува амнестија за криминалите на своите членови и минатата влада, како и за криминалното финансирање на ВМРО – ДПМНЕ. Засегнатите тајкуни од обвинети се претвараат во жртви.
Се разбира се задава и силен удар врз владата и се забрзуваат евентуалните предвремени избори“, пишува новинарот на една ТВ на својот Фејсбук профил.

SHARE