РК „Вардар“ го менува името во „Вардар 1961“

Ракометниот европски шампион Вардар го менува своето име и од 1 јуни ќе се вика Вардар 1961.

Ова за Телма го соопшти новиот сопственик Михајло Михајловски.

„Во фаза сме на преземање на клубот од Самсоненко. Кога тоа ќе се заврши, ќе пристапиме кон регистрирање на новиот субјект, кој ќе се вика ‘Вардар 1961’“ изјави Михајловски, како што пренесе „Плусинфо“.

SHARE