На денешен ден во 1934 година во демирхисарското село Слоештица е роден големиот македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор Петре М. Андреевски.

„Не е срамно ако умреме до еден, но голем срам е, ести голем, ако останеме без името наше, од кое уште се плашат ко од чума. А без име, векутуми, а без него и гробовите ќе ни бидат празни“ и „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева“ и денес звучат свежо и ја дефинираат македонската кауза.

Авторот на безвременските „Пиреј“, роман означен од критиката како ремек-дело на современата македонска проза, како и на збирката поезија „Дениција“, златна книга на македонскиот модернизам, остави неизбришлива трага во македонската литература и немерлив придонес во зацврстувањето на македонскиот дух и национална самобитност.

SHARE