Рокот измина, советниците на Заев и Владата одат на суд

Изминa 48 часа од pokoт за извинyвaњe од ПР советниците на премиерот и Владата, Марјан Забрчанец и Петрит Сарачини кои пред два дена обвинија дека медиуми монтирале видео на кое се скандира “Северна, северна” и дека објавиле „лaжни вecти“.

Во тој момент единствен медиум кој го објави видеото кое беше прогласено за лажна вест беше порталот инфомакс.мк од каде новинарите најавија тужба за клевета и навреда.

Порталот согласно законските одредби почека 48 часа за извинување кое владините советници како барање го добиле уште во саботата навечер по допрен глас по што денеска ќе покренат тужба за клевета и навреда против Забрчанец и Сарачини.

За разлика од Забрчанец кој не ја коментира најавата за тужба Сарачини најави дека работата ќе се расчисти на суд тврдејќи дека не мислел на инфомакс.мк.

Во меѓувреме снимката на која се гледа и слуша срамното скандирање ја објави и новинарот Фуркан Салиу.

SHARE