Роналдо не задоволил во Војводина, ќе си ја проба среќата во Работнички

Од Србија доаѓа наизглед спектакуларна вест дека Роналдо бил неколку дена на проба во Војводина, но откако српскиот фудбалски прволигаш решил да не го ангажира, тој ќе дојде на проба во Работнички.

Станува збор за играч што само со името има допирна точка со славниот Кристијано Роналдо од Јувентус, од кој се разликува и по тоа што е црномурест.

Но, според покажаното во тренинг-кампот на новосаѓани во турски Белек, тој не успеал да се наметне кај тренерот Радован Кривокапиќ и Стручниот штаб.

Роналдо Вилја има 21 година и доаѓа од Еквадор, од клубот Клан Хувенил. Игра на позицијата лево крило, а може да игра и како напаѓач.

SHARE