Росоклија: Хан е обвинет за кражба, затоа дава дава криминални предлози за Македонија

Дописниот член на МАНУ кој работи на истражувања на универзитетот Колумбија Горазд Росоклија ја објаснува позицијата кон Македонија од страна на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Според професорот Хан кој на премиерот Заев му предложи наместо на избори прашањето за Преспанскиот договор да се решава во Собранието, со оглед на неговото предходно поведение не може да даде поинаков предлог освен криминален.

“Каков предлог освен криминален може да даде човек обвинет дека за својот докторат на универзитетот во Виена, украл туѓи резултати и да е срамот поголем, погрешно ги интерпретирал”, прашува Росоклија и иронично заклучува дека однесувањето на Хан е “олицетворение на европски вредности”.