Росоклија: Како народ, како Македонци, на сите им служиме за потсмев

Македонскиот професор од престижниот Универзитет „Колумбија“ во Њујорк, Горазд Росоклија, резигнирано ги коментира последните случувања во и околу татковината, со акцент на актуелниот миг во кој се наоѓа македонскиот народ.

„ОД МАЛКУ УМ

Кога љубовта кон Македонија ќе надвладее над омразата која ја имаме едни кон други, за политичките врхушки кои ги поддржуваме да живеат богато врз наш грб, можеби ќе успееме да го спасиме тоа што ќе остане од Македонија.

Достоинството го загубивме.

Како народ, како Македонци, на сите им служиме за подсмев.

Бегството во друг национален идентитет нема да ни го избрише срамот“, порача преку својот профил на „Фејсбук“ членот на Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) надвор од работниот состав.

 

SHARE

Comments are closed.