Стотици  „розеви елеци” се приклучија на учесниците на веќе традиционалните жолти маршеви денеска во Париз на 17 по ред сабота на жестоки антивладини демонстрации и покрај обидите на францускиот претседател Емануел Макрон да го задушат незадоволството со серијата дебати низ целата земја.

„Розевите елеци“ се работнички кои работат во установи за згрижување на деца кои протестираат против реформите во системот за осигурување во случај на невработеност.


Полицијата употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите од кои дел носеа гас маски. Како што претходно јави „АП“, протестниот марш почна кај Триумфалната капија, а планирано е да заврши кај Луксембуршкиот парк, недалеку од зградата на францускиот Сенат.
Протести се случуваат и во други градови во земјата.