РПЦ: Вартоломеј нема место во спорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ

Десната рака на рускиот патријарх Кирил, митрополитот Иларион, го изнесе ставот на својата црква за немешање на вселенскиот патријарх Вартоломеј во спорот меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Српската православна црква.

„РПЦ е длабоко убедена дека прашањето за статусот на МПЦ-ОА треба да се решава меѓу СПЦ и православната црква на РС Македонија и вселенскиот патријарх нема место во овој спор. Промената на позициите на Вартоломеј под влијание на политичарите, од наша гледна точка, претставува канонски престап и тој ќе одговара пред Бога. Ако тој се меша во односите меѓу СПЦ и МПЦ ќе има негативни последици“, изјави претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија за српскиот весник „Вечерње новости“.

SHARE