Рубенс Муратовски: И јас сум нормален, па не се фалам!

Иако не го спомнува премиерот, актерот Рубенс Муратовски во својата порака на Твитер алудира на изјавата на Зоран Заев по нападот во затворот во Шутка врз ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

„И јас сум нормален, па не се фалам“, твитна Муратовски.

Заев, пак, беше категоричен дека е нормален кога му реплицираше на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

„Јас сум од крв и од месо, транспарентен, нормален човек. Само ќе кажам ‘забегана работа’, затоа што се претера. Јас сум бил во притвори, пред притвори, со одземени пасоши. Сум објавувал политички бомби, но секогаш сум внимавал на зборовите што ги употребувам. Со моите правни советници ќе се консултирам дали треба да тужам, затоа што тој индицира обиди за убиство, зборува за некаква жестокост или сл. Тој тоа што го прави прво зборува за него, но во најмала рака, најблаго кажано е забегано. Времето ќе покаже што е што, останувам посветен на она што е важно за државата и интерес на граѓаните на Република Северна Македонија“, рече тогаш Заев.

SHARE