Русија со „златна виза“ ќе привлекува инвестиции


Русија планира да воведе шема „златна виза“, односно да им понуди на странците постојан престој во замена за инвестиции во руската економија, објави во петокот веб-страницата „Известије“.

Странците би можеле да добијат постојан престој во Русија со инвестиција вредна 130.000 долари.

Според нацрт-регулативата подготвена од Министерството за економија на земјата, на инвеститорите ќе им се понуди постојан престој за инвестиции во руската економија во вредност од најмалку 10 милиони рубли (130.000 УСД).

Според „Москва тајмс“, Русија се надева дека оваа шема ќе привлече инвеститори од „проблематичните“ јурисдикции во Африка, Блискиот исток и Азија.

Сепак, некои експерти за Известија изјавија дека предложените трошоци во руската програма се релативно високи во споредба со слични шеми на повеќе барани дестинации, како што се земјите на ЕУ и Карибите.

SHARE