Русјаков: „Малиот шенген“ е како „грдото пајче“ па го исмеваат, ама кога ќе порасне…


„Со овој самит сврши вековниот стремеж на северџанистанскиот народ и се овековечи новата и моќна унија. Северџанистан, Албанија и Србија влегоа во сојуз.

Сеедно што злобниците небањати се исмеваат. Глупи се и немаат визија за блескавоста на овој проект. Затоа полни злорадост, фаќаат сеир. Мал шенген, голем генгбенг, велат небањатите Македонци. Порано во Македонија патувавме со лични карти, а сега благодарение на Вучиќ ќе патуваме во Македонија само со лични карти. Така се исмеваат небањатите. Срби. „Голема Албанија и Северна Македонија заедно со Србија до Токија“, се кикотат небањатите Албанци. Ако, нека се ситат глупите. Немаат поим. Мал шенген е како грдото пајче. Сега е мал и грдичок, па го исмеваат, ама кога ќе порасне, ќе стане лебедово езеро“ – пишува Александар Русјаков во колумна за Нова Македонија.

„Ова добро го знаат шарените. Просветлените. Граѓанството луѓенца. Зарем они не гинеа по улици за овој мал, ама во душата голем шенген? Се саможртвуваа. Па турнаа режим со пенкало. Потоа со истото тоа пенкало заокружија „за“ мал шенген на референдумот. Беа вистински визионери. Само нив, просветлени, им беше јасно дека името Македонија е пречка за влез во малиот шенген. Мал, ама голем во срцето.

Во тој мал шенген немаше место за македонскиот идентитет. Среде таква блескава унија, македонски идентитет е ко скиснат пинџур. А просветлени не мацаат сељачки пинџур. Да не зборуваме за македонската историја, тој непотребен товар што со децении ни го оптоваруваше патот кон малиот, ама во суштина огромен шенген. Башка, глупо е да има мал шенген без Бугари. Ама Бугарија веќе е во друга унија, па мораше да се стори нешто. Затоа македонската историја стана бугарска. И за тоа се бореа шарените…“, пишува Русјаков.

Целата колумна на Александар Русјаков на следниот ЛИНК

SHARE