Русјаков за ѕвездичката на Софија: „Македонскиот јазик да не ви ги плаќа сметките?“

Користејќи го вокабуларот на релативизаторите на социјалните мрежи, режисерот и писател Александар Русјаков ја коментира резолуцијата на бугарската Влада, која поддршката за Македонија ја условува и со прифаќање ѕвездичка за македонскиот јазик во документите на Европска унија по која ќе стои „во согласност со Уставот на Република Северна Македонија“.

„Ајде шарени луѓенца, почнете да гугуткате: ‘Македонскиот јазик да не ви ги плаќа сметките?’“, иронизира Русјаков на Фејсбук.

SHARE